Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус со Кристијано Роналдо го доби она што му недостасуваше за да биде сфатен како сериозен фаворит за освојување на толку посакуваната Лига на шампиони. Но, тука не е крај на плановите на Бјанконерите. Сакаат уште двајца играчи кои со Роналдо ја делеа соблекуваланата на „Сантојаго Бернабеу“.
Марсело уште летово беше голема желба, но Реал не сакаше ниту да чуе. Бразилецот е фантастичен пријател со Роналдо и веројатно би прифатил да му се придружи во Торино само ако Реал не ја спуштеше рампата. Но, Тутоспорт, пошува дека кај Мадриѓаните нешто е сменето, па се подготвени за трампа, во која ги менувале Марсело за неговиот сонародник Алекс Сандро. Така што, Бразилец за Бразилец, а прашањето е дали Јувентус е подготвен на таков договор.
Алекс Сандро е три години помлад од Марсело и на пазарот држи поголема цена. Марсело влегува во поодминати години, па оттаму и неговата цена може само да паѓа. Но, со себе носи огромно искуство и победнички менталитет сличен на игрите во Реал и репрезентацијата на Бразил.
Од друга страна, Јувентус сака уште еден некогашен играч на Реал, Хамес Родриез. Се шпекулира дека тоа е дел од ветувањето дадено од менаџерот, Жорж Мендеш летово во рамки на трансферот на Роналдо. Моќниот агент беше најзаслужен за трансферот на Португалецот, но бараше Јувентус да отвори простор за Родригез кој моментално е на позајмица од Реал во Баерн. Мадриѓаните не сакаат да го вратат, Баварците се уште не се изјасниле за откупот и Мендеш сака да размислува околу тоа. Планот на Мендеш е Баерн прво да го откупи Колумбиецот од Реал, а потоа да го продаде на Јувентус за однапред договорена сума со оглед на добрите односи на двата клуба.
Во Торино покрај доведувањето на Марсело планираат и уште измени во одбраната следното лето. Приоритет е да се реши ситуацијата со Ругани. Или да ја продолжат соработката или да го продадат ако некој понуди 40 милиони евра. Ако Ругани остане, тогаш на продажба е Бенати, кој по враќањето на Бонучи има се помала минутажа.