Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот како да не го славеше ремито против Барселона. Играше, не играше, постигнуваше погодоци или не, Кристијано Роналдо се труди да избие на насловната страна на сите светски медиуми.
Вниманието му припаѓа на Серхио Рамос поради погодокот вреден бод во Ел Класико. Негативни коментари предизвика позата на Кристијано Роналдо на тимската фотографија на фудбалерите на Реал од соблекувалната на Камп Ноу после завршувањето на натпреварот против Барселона.
На неа јасно се гледа дека сите фудбалери на кралскиот клуб се радуваат на бодот со кој ги задржаа плус шест бода во однос на каталонците, а само Роналдо не слави.
За разлика од очигледно нерасположениот Роналдо, капитенот на Реал, Серхио Рамос во опис на оваа фотографија напиша: „Секогаш до последниот свиреж на судијата.“