Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дербито од 17. коло во Серија А наредниот викенд ќе се игра во Торино, каде што Јувентус на свој терен го пречекува тимот на Рома.
Шампионот на Италија е голем фаворит во средбата, но во дерби средбите досега забележавме многу изненадувања, па сигурно и сега ќе се игра возбудлив натпревар.
Кристијано Роналдо е мотивиран пред дербито со Рома, а во кариерата со нив се соочи шест пати и притоа постигна пет гола, а еден меч му остана во сеќавање.
Секако, станува збор за реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони во сезоната 2006/07 кога со Јунајтед ја „уништи“ Рома со 7-1.
„Добро се сеќавам, имавме водство од 6-0 кога еден фудбалер на Рома ме молеше да престанам да дриблам. Вториот пат ми се закани дека ќе ме повреди. Со овој тим на Рома нема со кого да разменам дрес на крајот на дуелот“, кажа Роналдо.