„Роналдо застануваше пред огледало и ќе речеше дека Меси е подобар, но не е поубав од него“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќе од десет години трае ривалството на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а тие двајца се едни од најдобрите во историјата.

Меси и Роналдо имаат освоено по пет „Златни топки“, а поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч, ја шокираше јавноста кога раскажа како се подготвувал Роналдо за натпревар додека настапувал за Манчестер јунајтед.

Крауч кажа дека Рио Фердинанд постојано му раскажувал за Роналдо и како Португалецот се однесувал во соблекувалната.

„Роналдо стоел пред огледалото, па со рацете поминувал по својата коса и си зборувал дека е најубав. Останатите играчи се обиделе да се шегуваат и му рекле – Како и да е, Меси и понатаму е подобар играч од тебе. Роналдо веднаш им одговорил и кога ќе се погледнел во огледало кажал дека Меси не изгледа толку добро како него“, објаснува Крауч.