Роналдо и Меси најплатени фудбалери на светот, Манчестер Јунајтед клуб кој издвојува најмногу пари за плати на играчите


    Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


    Англискиот гигант Манчестер Јунајтед издвојува најмногу пари за плати на играчите со просек од 6,5 милиони евра поединечно на годишно ниво.

    Според објавените истражувања на „Global Sports Salary Survey“, веднаш зад Јунајтед е Барселона со 6,3 милиони евра, а потоа одат Манчестер Сити со шест милиони, Реал Мадрид, Челси, ПСЖ и Барн Минхен.

    Од играчите најмногу заработуваат во моментов двата најдобри играчи на денешницата, Кристијано Роналдо и Лионел Меси си по 21.5 милиони евра годишно, трет е Герет Бејл со 20, а меѓу првите пет се уште Хулк со 17,8 милиони и Пол Погба со 16,5.

    Гледајќи по лиги, најплатени играчи се во англиската Премиер лига во просек од 2,7 милиони евра по сезона, пред шпанската Примера (1.4 милиони), италијанската Серија А (1.25 милиони) и германската Бундес лига со точно милион евра.