Роналдо му одговори на Иско по изјавата дека нема да плачат по него!


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Јувентус вечерва гостува во Манчестер на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед во дербито од третото коло во групната фаза од Лигата на шампиони.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ сигурно ќе биде во центар на внимание, а најмногу поради тоа што се враќа Роналдо во Манчестер.

Португалецот и вчера беше во центар на внимание во Манчестер, зашто многу навивачи го пречекаа на аеродромот за да се поздрават со него.

Роналдо се појави и на прес-конференција пред денешниот дуел, а освен за „црвените ѓаволи“ зборуваше и за уште еден поранешен клуб, односно Реал Мадрид.

Вчера Иско кажа дека нема да плачат по Роналдо и дека не размислуваат на него, а на тоа одговор имаше и ѕвездата на Јувентус.

„Тоа е во ред. Не треба да плачат. Тоа можам да ви кажам, зашто не сакам да зборувам за другите клуови. Сите знаат каква приказна имав во Реал Мадрид, но најважен е дуелот против Јунајтед“, кажа Роналдо.