Роналдо на адреса прима мал милион критики: Каде си, зошто не го правиш она што го правеше…?!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус повеќе не е на старото ниво.

Ако Јувентус биде елиминиран од Лигата на шампионите, сите очи ќе бидат вперени во оној кој дојде да го освои тоа натпреварување со Јувентус, а тоа е Кристијано Роналдо.

Човекот кој е доведен како најголемо засилување изминатото лето во светот на фудбалот се најде на удар на фудбалските стратези кои очекуваа далеку повеќе.

Еден од нив е и Роберто Манчини.

„Не постои магична формула за враќање на Јувентус, но тие се искусен тим и се вратија од 0:3 против Реал Мадрид изминатата година ако се сеќавате. Можеби Роналдо е тој кој не го работи она што го работеше порано, но се уште е подготвен да направи големи работи“, истакна Манчини.

„Сепак и натаму има добра сезона, добар е во Серија А. Мислам дека лигата во Италија е тешка како и во Англија, а помалку тешка од Шпанија“, истакна Манчини.