Роналдо на „ладење“, додека Јувентус ќе го чека Божиќ во мај?!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Нема одмор за актуелниот шампион на Италија, но ќе има за првата ѕвезда на тимот. Алегри објасни дека во Јувентус гледаат на Божиќ и традицијата на дарување.

Две натпреварувачки меча во Серија А ќе одиграат фудбалерите на Јувентус до крајот на календарската година, а веќе на средината на јануари ги очекуваат нови искушенија на три различни фронта.

Во обраќањето на медиумите пред гостувањето кај Аталанта, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри истакна дека Кристијано Роналдо натпреварот ќе го гледа од клупата за резерви.

„Ќе биде на клупата за резерви заедно со мене. Првпат заедно ќе го гледаме мечот од клупата.“, истакна Алегри.

Стратегот на „Старата дама“ објасни дека внимателно ја следи статистиката и учинокот на секој поединец, а потоа поентираше што е приоритет во случајот на Кристијано Роналдо.

„Читав по нешто за неговата статистика, погодоците и бројките, но тоа мора да се сочува за март, за перидоот кога продолжува Лигата на шампионите и кога треба да се направи разлика. Верувам дека уште подобар е од изминатите сезони“, додаде Алегри.

Натпреварот од 18. коло помеѓу Аталанта и Јубвентус се игра втор ден по католичкиот Божиќ.

„Божиќните податоци во Јувентус се заслужуваат во текот на сезоната, а се добиваат на крајот, така што уште има време за дарување“, низ шега заврши Алегри.