Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навистина неверојатен податок…
Интересна статистика, Кристијано Роналдо го постигна десеттиот погодок во шампионатот, се изедначи со Пјонтег, сега го чека Интер во петок, би можел да го преземе лидерското место во листата на стрелците.
Португалецот не постигна погодок во првите три меча, но потоа почна да решета, а покрај погодоците, асистираше и на шест пати, кога ќе ги собереме дуелите, тој има практично гол или асистенција по меч, што е веќе подоборо отколку во Реал Мадрид, но ретко гледаше кон соиграчите.
Кога ќе се погледне историјата на Серија А, само еден човек успеал во 14 дуели да постигне двоцифрен број на погодоци во дебитантската сезона, кога се во прашање легендарните странци. Во прашање е Андреј Шевченко, никој друг, дури ниту Марадона, Платини, Ван Бастен, Зико, Ибрахимовиќ и Трезеге, како ниту Бразилецот, Роналдо, не можеа тоа да го сторат.
Роналдо собори уште еден рекорд, оној на Велшанецот, Џон Чарлс во тоа време веројатно најдобриот класичен напаѓач на светот, кој беше играч со најбрзо постигнати десет погодоци во историјата на Јувентус.