Роналдо: Не се сеќавам на голот против Емполи, ќе мора повторно да го видам! (ВИДЕО)


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, вчера го постигна седмиот погодок за „старата дама“, а тоа беше најубавиот во дресот на новиот клуб.

Почетокот на Роналдо во Јувентус не беше идеален, но полека почна да влегува во форма и на неколку натпревари стигна до седум гола во италијанското првенство.

Роналдо со два гола донесе голема победа за „бјанконерите“ против Емполи, а по дуелот даде интересна изјава за „бомбата“ во 70. минута.

„Тоа беше цврст натпревар. Знаевме дека ќе биде сложено, но одговоривме како што треба. Не се сеќавам на мојот гол, ќе мора повторно да го погледнам“, кажа Португалецот.