Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдо го коментираше својот период во Интер, тешката повреда на коленото, па заминувањето во Реал.
Роналдо беше играч кој во својата кариера има играно за Барселона, Реал Мадрид, Интер и Милан.
Тој остави голема трага во фудбалот, но свесен е дека можеше уште подобро ако немаше тешки повреди на коленото додека играше за Интер.
„Првите 10 години од својата кариера жестоко тренирав. Тоа беа грешни методи на тренинзи кои на крајот ме чинеа со тешки повреди. По првата повреда на коленото надвор од теренот останав 1 и пол година, а вториот пат нешто помалку. Тоа психички ме уништи. Можев многу повеќе да дадам и жалам поради тоа.“
По заминувањето во Реал успеа да ја „оживее“ кариерата, но со доаѓањето на Капело во тимот, многу работи се сменија.
„Во една недела 2 пати доцнев на тренинг. Ми оддржаа лекција и ме казнија парично. По неколку денови повторно доцнев и прашав дали може да ме казнат само, а не мора да ми држат лекција. Што се однесува до Капело, тој не е многу паметен, сигурно не е ниту блиску до најдобрите тренери со кои работев.“
Пред СП 1998 година во Франција, Роналдо имаше големи здравствени проблеми, а малкумина знаат дека Карлос му го спасил животот.
„Имав стомачни проблеми кои никој не ги сфати сериозно. Ноќта пред финалето против Франција изгубив свест и почнав да се гушам. Мој цимер беше Роберто Карлос кој брзо реагираше и можам слободно да кажам дека ми го спаси животот.“