Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На „Кинг Абдула“ во Џеда, Саудиска Арабија, Јувентус успеа да слави со 1-0 против Милан во Суперкупот и така го освои трофејот.
Двете екипи одиграа одличен меч, а и покрај неколку одлични шанси во првото полувреме, сепак мрежите останаа да мируваат.
Во продолжение од мечот, во второто полувреме Патрик Кутрон ја имаше најдобрата шанса за Милан, но ја затресе само пречката на Јувентус.
Во 61. минута Кристијано Роналдо доби одличен центаршут од Миралем Пјаниќ и ја затресе мрежата на Џанлуиџи Донарума.
Во финишот на мечот Милан не успеа да стигне до израмнување, па Јувентус славеше со 1-0 и така ја освои титулата во Суперкупот.