Роналдо по пристигнувањето во Ваљадолид даде интересно ветување


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо неодамна стана сопственик на Реал Валјадолид со што се врати во фудбалот.

Роналдо за многумина е еден од најдобрите играчи во историјата, а познато е дека кариерата мораше да ја заврши премногу рано поради голем број повреди и здравствени проблеми. Сепак, неколку години подоцна се враќа во фудбалот.

Бразилскиот волшебник најави големи работи по доаѓањето во шпанскиот клуб, но даде и ветување кое со години го чекаме. Роналдо порача дека максимално ќе се потруди да го реши проблемот со вишок килограми.

„Не дојдов тука да играм, зашто едноставно не сум во форма за тоа. Ќе почнам да тренирам за да им помогнам на играчите. Секако, тоа ќе биде во договор со тренерот. Се радувам на новиот предизвик во кариерата“, кажа Роналдо.