Роналдо против Јувентус ќе брка четири рекорди


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид со една нога е во полуфиналето од Лигата на шампионите по триумфот во Торино против Јувентус со 3:0.

Натпреварот на програмата е утре, а најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо на него ќе брка дури четири рекорди.

Доколку Реал Мадрид победи Роналдо ќе стигне до својата 99 победа во Лигата на шампионите. Така би останал сам на врвот на листата на играчи со најмногу победи во елитното клупско натпреварување.

Доколку Португалецот постигне три погодоци на утрешниот натпревар ќе биде играчот со најмногу хет-трикови во историјата на Лигата на шампионите. Тој и Меси до сега имаат постигнато по седум хет-трикови.

Ако Реал Мадрид се пласира меѓу четирите најдобри, што веројатно и ќе се случи, Роналдо ќе се изедначи со Чави на второто место по број на настапи во Лигата на шампионите.