Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од 2011 година, кога Луис Назарио де Лима Роналдо активно престана да игра фудбал, го промовираше овој спорт ширум планетата низ многу хуманитарни натпревари и разни акции, а од следната година повторно би можел да има официјална функција во еден фудбалски клуб.
Доколку Андрес Санчез повторно биде избран за претседател на Коринтијанс, вети дека на славниот Бразилец ќе му додели некоја од поважните улоги во функционирањето на клубот од Сао Паоло. Медиумите веќе предвидуваат дека тоа ќе биде местото спортски директор на клубот.
Токму Санчез го донесе познатиот голгетер во Коринтијанс во 2009 година, а Роналдо за две сезони во црно белиот дрес одигра 31 натпревар и постигна 18 голови со што помогна на тимот да дојде до двојната круна веднаш по неговото доаѓање.