Роналдо се отвори: Еве што се случи во Лас Вегас во 2009. година?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо 2018. година ќе ја памети по трофеите, преминот во Јувентус, но и по обвиненијата за сулување.

Во интервју за португалски „Рекорд“ тој зборуваше за сето тоа.

Кристијано беше обвинет од Кетрин Мајорга дека ја силувал во 2009. година во Лас Вегас и дека и давал пари за да молчи.

Сега таа приказна повторно избри на површина, а Роналдо се наоѓа под истрага.

„Семејството ми е вознемирено поради таквите вести, што потоа и мене ме боли. Тие знаат дека јас тоа никогаш не би можел да го направам. Не се грижам, бидејќи сум сигурен дека наскоро се ќе се разјасни“, истакна Португалецот.

Во годината која одминува му се случија и убави работи.

„Третиот трофеј во Лигата на шампионите ми е најубав момент во 2018. година, но морам да го споменам и трансферот во Јувентус, во кој бев дочекан фантастично“, додаде Кристијано Роналдо.