Роналдо се пресмета со делот на навивачи кои не го сакаат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо постигна гол за Реал Мадрид во победата против Сосиедад.

Реал успеа да победи со 2:0, а првиот гол го постигна Ковачиќ додека вториот Роналдо.

Тој со голот им одговори на групата навивачи кои сакаа да замине од клубот.

Тие му рекоа на Роналдо да замине во Кина затоа што повеќе не е играч кој заслужува да го носи белиот дрес.

Истата груап и вечерва ја чекаше секоја грешка на Роналдо, а започна во 23-та минута кога Роналдо ја изгуби топката во нападот.

Следеа свирежи, а Роналдо само се сврте кон трибините од каде што доаѓаа.

Подоцна тој неколку пати им одмавна со рака и испрати некои пцовки, барем според шпанските медиуми.

Вистина е, тој играше лошо во последно време, но тој дефинитивно е најзаслужен за многу освоени трофеи на Реал во последниве години.

Роналдо во 2009 година за 94 милиони евра премина од Јунајтед во Реал, а оваа сезона во 24 натпревари има постигнато 19 голови и 6 асистенции.