Роналдо се „пресмета“ со навивачите на Атлетико: К**вини синови! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се соочува со казна поради неговиот потег против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ), откако по постигнувањето на хет-трикот, реши да им ги покаже мад*њата на Шпанците.

Роналдо реши да им се одмазди на Шпанците, откако во првиот меч тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне прослави на идентичен начин затоа што неговата екипа победи со 2-0.

Португалецот по непристојната прослава реши и да размени неколку груби зборови со поддржувачите на шпанската екипа, а тоа го забележаа камерите.

Роналдо, како едвај да чекаше да „испука“ тоа што му лежело на душата, па им се развика на шпанските навивачи и им испрати неколку навреди, меѓу кои беше и „ку*вини синови“.

Ѕвездата на Јувентус се соочува со казна од УЕФА, но најверојатно нема да биде казнет со суспензија, туку ќе плати казна од 20.000 евра, колку што плати и Симеоне.