Роналдо со ултиматум: Ги сака овие четири играчи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпекулациите за заминување на Роналдо од Реал во текот на претстојното лето се се погласни.

Тој бара нов и побогат договор, бидејќи смета дека го заслужил тоа бидејќи минтата година ја освоија Ла Лига и Лигата на Шампионите.

Но, Перез моментално не е располжен да му удоволи на барањата на португалскиот интернационалец, со што би можел да го натера да го напушти Мадрид.

Но, наместо ова, се чини дека Роналдо бара од управата да доведе некои играчи со кои тој би сакал да игра, а и смета дека ќе го подобрат клубот.

Според Diario Gol, Роналдо доставил список со 4 играчи кои би сакал да ги види во текот на летото во Мадрид.

Давид Де Геа е прв на листата, бидејќи Роналдо смета дека тоа е голман кој ќе одговори на капацитетот на Реал Мадрид.

Во тој поглед, Кристијано ја означи одбраната како најслаба точка и дека дефинитивно мора да се засили.

Серхио Рамос е главниот столб во одбраната, но Роналдо смета дека двајца од овие три играчи мора да се доведат во клубот, а тоа се: Маркињос, Давид Алаба или Леонардо Бонучи.

Верува дека со двајца од овие три играчи одбранбената линија би била значително посилна.

Што се однесува за нападот, тој наголемо се противи околу доаѓањето на Нејмар или Хари Кејн.

Наместо нив, тој инсистира клубот да го доведе неговиот сонародник, кој моментално е во Валенсија, Гонѕало Гуедес. Гуедес е доста импресивен оваа сезона, а Роналдо смета дека тој би го засилил Реал во нападот.