Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус синоќа не успеаа да ја победат Парма на домашен терен во италијанскиот шампионат, откако во последните минути од дуелот тие примија гол за 3-3.
Јувентус имаше предност од 3-1, но Парма не се предаваше до последната секунда и тоа на крајот им се исплатеше, кога Марио Манџукиќ направи голема грешка, а Жервињо ја искористи за 3-3.
По неколку лоши настапи на Кристијано Роналдо, тој синоќа одигра добро и постигна два гола и една асистенција. Португалецот по мечот кажа дека нема причина за грижа, зашто се случуваат вакви работи на сите екипи.
„Ова е фудбал, среќен сум поради головите кои ги постигнав, но не и поради ремито. Парма ги чекаше нашите грешки на крајот ги искористија, а тоа е нормално во фудбалот. Не треба никој да се обвини. Цел свет го гледа Јувентус, зашто тоа е најдобар тим и мора да бидеме смирени“, кажа Роналдо.