„Роналдо ќе биде успешен во Јувентус, нема место каде што не би бил одличен!“


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Еден од тие кои веруваат дека Кристијано Роналдо ќе биде успешен во Јувентус е неговиот соиграч од репрезентацијата, Бруно Алвес.

Дефанзивецот на Глазгов Ренџерс во интервју за медиумите кажа дека Роналдо знае како да се мотивира пред секој нов предизвик и дека ќе биде многу добар доколку премине во Јувентус.

„Кристијано Роналдо ќе освојува трофеи и во Јувентус. Нема лига во која не би бил успешен. Досега докажа дека може да освојува трофеи во било која земја и Италија не е поинаква. Бев на негова страна во текот на голем број борби во последните 12 години и знам каков играч е“, вели Алвес.

Да потсетиме, последниве денови се шпекулира дека Роналдо ќе се пресели во Јувентус, а трансферот ќе изнесува 100-120 милиони евра, додека платата на Португалецот ќе биде 30 милиони евра годишно.