Роналд Куман заработи отказ од Евертон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Евертон официјално му врачи отказ на Роналд Куман по големиот пораз од Арсенал со 5:2 кој го втурна тимот во зоната на испаѓање.

Клубот испрати официјално соопштение до медиумите, а првите лица на Евертон, Бил Кенрајт и Роберт Елстоун пристигнаа во Финч Фарм тренинг центарот.

Тренерот на у23 тимот Дејвид Ансворт ќе биде назначен за привремен тренер и ќе го води клубот на натпреварот против Челси во Карабао купот и против Лестер во Премиер Лигата.

Евертон потроши над 150 милиони фунти за засилување ова лето, но клубот воопшто не играше како што очекуваше целата јавност и сега се на 18. место на табелата во Премиер Лигата.