Роси позитивен нa допинг тест, му се заканува казна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува Газета, 31 годишниот напаѓач Џузепе Роси, како член на Џеновиа на 12. мај бил позитивен на рутински допинг контроли што биле спроведени после средбата со Беневенто.

Во крвта на Роси наводно бил пронајдендорзоламид, состојка која е на листата на забранети супстанци која ги прикрила евентуалните други облици на допинзи во крвта.

По овој повод се огласи и РОси кој изјави дека таков препарат никогаш не користел, а дали ќе биде суспендиран ќе се знае на 1. октомври.

Роси некогаш важеше за еден од најголемтие италијански надежи, меѓутоа во развојот го закочија многубројни повреди.

Списокот на клубовите за кои има настапувано е долг.

Се започна во Парма, а ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед, Њукасл, Виљареал, Фиорентина, Леванте, Селта, Џенова…

За репрезентацијата на Италија запиша 30 настапи и седум погодоци.