Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот возач Валентино Роси наскоро ќе ја започне својата 24. сезона во Moto GP шампионатот.
Јамаха вчера ги претстави возачите за новата сезона, а Роси говореше за своите години, цели и можности.
Тој набрзо ќе наполни 40 години а договор со Јамаха има до летото 2020 година, па веријатно следната година ова вреќе ќе ја започне својата 25. сезона.
„Нажалост, следната недела ќе наполнам 40 години и прилично сум стар. Предизвик за мене е да бидам конкурентен на овие години. Најважна работа е мотивацијата, но многу важно е да бидеш и силен. Имам договор до летото 2020. година така да ќе бидат оваа и наредната година. Ќе биде многу тешко да останам на врвот, но ќе пробам“.
Роси кажува дека е многу тешко да остане физички спремен во овие години и дека напорно работи постојано.
„Морате многу да работите дома. Секој ден морате да тренирате на моторот и во теретана. Не мислам дека е голема разликата помеѓу 26 и 40 години, но сигурно многу менува ако се споредат возрастите на 25 години и на 40“.