Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гонзало Игуаин најави заминување од Милан, а веднаш управата на италијанскиот гигант почна да бара нов напаѓач.
Изборот на Леонардо и Паоло Малдини, директорите на Милан, паднал на соиграчот на Горан Пандев, односно Криштоф Пјатек од Џенова.
Наводно, Пјатек покажал огромен интерес за преселба на „Сан Сиро“, па сега преговараат двете екипи за фудбалерот, а наводно„росонерите“ биле поблиску да договорат позајмица.
Полјакот постигна 13 голови во 19 настапи во италијанскта Сериј А, а „Спорт Медијасет“ пишува дека 23-годишниот фудбалер привлекол интерес и од Интер, Јувентус и Реал Мадрид, но и самиот е свесен дека таму нема да биде прв избор, па поради тоа сака да се пресели во Милано.