„Росонерите“ тријат раце: Лондонско дерби за фудбалер на Милан!


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Зимскиот преоден рок досега донесе неколку интересни трансфери, а сигурно нè очекуваат уште многу во текот на месецот.

Многу европски гиганти тргнаа по засилувања, а англиските медиуми пишуваат дека во моментов се води војна во Лондон меѓу Челси и Тотнем за фудбалерот на Милан, Франк Кеси.

„Калчомеркато“ пишува дека Тотнем го контактирал Милан и подготвил 45 милиони евра за 22-годишниот фудбалер, а на тоа оди во прилог и фактот дека „росонерите“ мора да продаваат фудбалери за да го средат Финансискиот фер-плеј.

Челси за услугите на Кеси, наводно, понудиле 25 милиони евра плус Тиемуе Бакајоко да биде во пакетот, па се шпекулира дека Милан би можел да ја прифати ваквата понуда.

Единствен тим, кој би можел да ги расипе плановите на Челси е кинески Гуан, кој бил подготвен да плати 50 милиони евра за Кеси.