Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рекордерот по број на Грен Слем титули и недели поминати на првото место на АТП листата, Роџер Федерер беше задоволен по победата во 3 сетови против Рубин.
„Секогаш најдобро сценарио е да се добие натпревар во 3 сетови. Успеав тоа да го направам и среќен сум поради тоа. Првиот сет беше тежок, како и третиот во кој спасував сет топка. Можев и подобро, но и вака добро заврши.“
Тој оваа година е 17-ти носител, а задоволен е со својата физичка состојба со оглед на тоа дека поголемиот дел од минатата сезона го пропушти поради повреда.
„Да ми кажеше некој пред еден месец дека вака ќе се чувствував немаше да верувам. Важно ми е во овие рунди да ја почуствувам играта, топката и како телото ми реагира. Со сите информации кои ги имам, јас сум оптимист пред 3-то коло.“
Нареден противник му е Томас Бердих, кого Федерер го победи во последните 5 натпревари.
„Не го гледав во последно време, да бидам искрен. Мислев дека ќе имам тешка работа против Херисон. Сега рано се сретнуваме, а знаеше да ми направи проблеми во минатото. Теренот е многу без и му одговара на неговата игра.“
Исто така ја искоментира изјавата на Фернандо Вердаско дека терените се како во 80-те.
„Мислам дека се навистина брзи. Не знам каков е во Доха, каде што играв пред Мелбурн, најверојатно и тоа влијае на неговото размислување. Мислам дека не е до теренот, туку до ротацијата на топчињата.“
Маратонските натпревари помеѓу Карловиќ и Зверевсе едни од најголемите впечатоци на Федерер, кој смета дека не треба да се скратува 5-от сет со воведување на тај-брејк.
„Ми се допаѓа овој формат. Кога ваквите натпревари се играат, се друго застанува. Луѓето во соблекувалната гледаат, јас исто така сакам и снимка да погледнам од таков натпревар. Можеби треба да се најде некој компромис, но тоа не е воведување на тај-брејк во 5-от сет.“