Румениге лут на Левандовски

Претседателот на управниот одбор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге го критикуваше напаѓачот на клубот, Роберт Левандовски поради неговите изјави во врска со последните трансфери на ПСЖ И Барселона.

Полјакот неодамна изјави дека во овој момент во фудбалот се поважни парите отколку лојалноста кон клубовите.

„Ако добро разбирам, тој се жали. Лојалноста кон клубот е ген на Баерн и тоа е многу важно за нашите навивачи. Одамна воспоставивме сериозна и успешна филозофија. Побрзо ќе се сложам со канцеларката Меркел отколку со Левандовски. Роберт веројатно е возбуден поради трансферите во ПСЖ, но тој игра во Баерн и добива многу пари за тоа“– коментираше Румениге за „Билд“.

Инаку и германската канцеларка, Ангела Меркел неодамна го критикуваше тимот на ПСЖ поради парите кои ги плати за Нејмар.