Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге истакна дека Хамес Родригез нема да се враќа во Реал Мадрид и дека ќе остане во баварскиот тим и следната сезона.
Колумбиецот дојде на двегодишна позајмица во шампионот на Германија од Реал Мадрид, а по заминувањето на Зинедин Зидан се шпекулираше дека тој би можел да се врати на „Бернабе“.
Сепак овие најави ги негираше Румениге кој истакна: „Многу работи кои доаѓаат од Шпанија не се точни. Тој сигурно ќе игра за нас оваа сезона“.