Руни од своја перспектива: Како може Модриќ да е најдобар фудбалер на светот…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Модриќ ја освои индивидуалната награда во 2018. година и беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Мислењата околу тоа и натаму се поделени бидејќи многумина сметаат дека наградата повеќе ја заслужи, Кристијано Роналдо, а на негова страна застана и неговиот бивши соиграч од Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

„Модриќ е фантастичен играч, има одлични додавања и контрола на топката. Не е толку брз, но минува покрај сите чувари. Сепак, не мислам дека тој е најдобар фудбалер на светот. Дали ја заслужи наградата? Да, имаше фантастична година со Реал и репрезентацијата на Хрватска. Но, јас би гласал за Роналдо“, истакна Англичанецот.

Хрватскиот капитен ја прекина десетгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лео Меси во трката за Златната топка. На третата позиција заврши Антоан Гризман.