До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни по само една сезона ќе си замине од неговиот матичен клуб Евертон и веројанто ќе се пресели во МЛС Лигата.
„Дејли Мирор“ пишува дека за него постои сериозен интерес од редовите на ДС Јунајтед, а наводно веќе била остварена и средба на агентот на Руни, Пол Стрефорд со челните лица на клубот од САД.
Разговорите поминале во најдобар ред, а од Евертон нема да му прават проблеми на 32 годишниот напаѓач да ја промени средината.
Минатата сезона Руни си замина од Манчестер Јунајтед и се врати во Евертон, клубот каде ги имаше првите фудбалски чекори. Сезонава, напаѓачот на 40 средби за тимот на Евертон постигна 11 погодоци и запиша четири асистенции.













