Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни смета дека од раководството на клубот треба сериозно да размислат околу назначувањето на нов тренер следната сезона.
Англичанецот смета дека Солскјер треба да биде земен предвид кога се размислува за долгорочното решение за клубот, но нагласи дека Покетино би бил идеална опција за клубот.
„Најпрво треба да му дадат шанса на Оле. Но доколку постои можност да се донесе друг тренер, јас би одел со сите сили на Покетино.
Мислам дека Манчестер Јунајтед во минатите 20, 30 години под водство на Сер Алекс се базираше на младите играчи. Сметам дека Покетино го вади најдоброто од таквите играчи и токму затоа е измислен за клупата на Манчестер Јунајтед“- коментираше Руни.