Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Крајот на натпреварите од 16:00 часот во Премиер Лигата донесе неколку позитивни и негативни изненадувања. Руни го отвори гол-контото на Евертон а шампионот Челзи ја отвори сезоната со пораз на свој терен.
Вејн Руни беше стрелец на своето второ деби во дресот на Евертон, отварајќи го резултатот на Гудисон Парк. Тоа се покажа дека е решавачки гол бидејќи натпреварот заврши со резултат 1:0, со што Руни донесе три бода на контото на “карамелите” во новата сезона и ја продолжи бајката во која живееја фановите на Евертон откако тој се врати дома.
За актуелниот шампион Челзи ова ќе биде натпревар што ќе сакаат да го заборават, откако во отворањето на сезоната Кејхил и Фабрегас добија црвени картони а тимот го изгуби мечот со Барнли на домашен терен со резултат 2:3. Единствена светла точка од овој дуел беше дебито на Мората кое тој го круниса со гол и асистенција.
Од останатите натпревари треба да биде издвоен уште мечот помеѓу Кристал Палас и Хадерсфилд, кој гостинот Хадерсфилд го доби со резултат 0:3. Новодојденците во Премиер Лигата изгледаат спремни за предизвикот и подготвени се да се борат за да обезбедат опстанок во лигата.
Во останатите два меча, тимот на ВБА на домашен терен триумфираше против Бурнемут со 1:0, додека Саутемптон и Свонси ремизираа без голови, 0:0.
Последниот натпревар за сабота ќе биде одигран помеѓу тимовите на Брајтон и Манчестер Сити од 18:30 часот.