Руски голман преку социјалните мрежи откри каде ќе игра Головин!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу гиганти се заинтересирани за рускиот репрезентативец Александер Головин, кој беше одличен на Мундијалот.

Најголем интерес покажаа Монако и Челси, кои водат жестока битка за неговиот потпис, но очигледно младиот фудбалер се согласил да премине во Лондон.

Неговиот поранешен соиграч од ЦСКА, голманот Сергеј Чепчугов на Инстаграм му посака среќа на Головин во Челси.

„Кога дојде во ЦСКА веднаш ти реков дека мораш да работиш. Две години подоцна заминуваш во голем европски тим.. Ти посакувам среќа во Челси. Уживај и ти посакувам убава кариера“, напиша рускиот голман на Инстаграм.