„Сакавме барем бод во Валенсија“


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Вистински шок доживеа вчера Реал Мадрид во Валенсија.

Валенсија успеа да ги победи со 2:1 и така го направи едно од најголемите изненадувања оваа сезона.

Капитенот на Реал имаше коментар по натпреварот.

„Беше ова добар натпревар. Сакавме да освоиме барем бод, но на крајот ја пропуштивме шансата и не ја зголемивме предноста на табелата. Две грешки на почетокот не чинеа многу. Два пати ја изгубивме топката и примивме 2 голови. Мораме да ја научиме лекцијата.“

Со овој пораз Реал остана на 1 бод предност пред Барселона, но и натпревар помалку.

До крајот има доста да се игра, па ќе гледаме интересна завршница на сезоната.