„Сакам да го купам Арсенал“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Најбогатиот Африканец Алико Данготе рече дека во своите планови има да го купи фудбалскиот клуб Арсенал.

    Тој истакна дека за такво нешто финансиски можности и дека не гледа што може да биде пречка за на себе да си ја исполни долгогодишната желба.

    Според неговите зборови сака од „Топџиите“ да направи успешен тим, а прв потег ќе му биде отпуштање на Арсен Венгер.

    „Ќе го купам Арсенал за три-четири години. Парите не се проблем, водам голем бизнис и сметам дека можам да водам и успешен клуб“.

    Неговото богатство се проценува на околу 12 милијарди евра.