„Сакам да играм во ЛШ секоја сезона!“

Ријад Марез на крајот на оваа сезона ќе го напушти Лестер.

Марез минатата сезона беше еден од најзаслужните игрчаи што Лестер стигна до титулата, па и покрај големиот број на понуди, тој одлучи да остане во тимот.

Меѓутоа, оваа сезона Лестер игра солидно, а во тоа се вклопи и 26-годишниот фудбалер.

Сепак, Марез тешко ќе остане во редовите на Лестер и наредната сезона затоа што веќе има неколку понуди. Во последно време се шпекулира дека кариерата би можел да ја продолжи во Арсенал или Тотенхем, но во приказната се споменува и интересот на Барселона.

„Сакам да играм во ЛШ секоја сезона. Сакам да бидам во голем клуб и да освојувам трофеи, тоа е мојата цел. Сепак, на крајот оваа сезона ќе размислам за се.“