Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот возач Наср изјави дека сака да ја продолжи соработката со Заубер.
Тој е член на тимот од 2015 година, но нема договор за продолжување во 2017.
„Сакам да останам, ги видов плановите и болидот за наредната сезона и гледам дека се создава сериозна структура на тимот и дека целосно ќе биде поинаква во однос на оваа година. Одиме во добар правец и се надевам дека ќе бидам дел од тоа.“
Наср вели дека најверојатно на секоја трка во наредната сезона ќе се освојуваат поени.
„Заубер е тим кој сака поени и ќе се бори за нив.“
Наср сеуште нема освоено бод оваа сезона, ниту неговиот тим.