Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо кажа дека има голема желба да остане во екипата на „кралевите“ затоа што го сака клубот и градот.
Иднината на Роналдо беше мотив за шпекулации на голем број светски медиуми, кои пишуваа дека сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ поради недоразбирањата околу договорот.
Меѓутоа, играчот на Реал инсистира дека е среќен во Мадрид, па вели дека има намера да остане во клубот.
„Секако дека сакам да останам во Мадрид затоа што го сакам овој клуб. Тука живеам од 2009 година и ги сакам сите што се околу мене. Блиску е до Португалија и таму може да стигнете со автомобил. Шпанија е одлична земја. Мојот план да се пензионирам на 41 година е тежок за остварување и сега живеам од денес за утре“, вели најдобриот играч на „кралскиот клуб“.