„Сакам да се борам со Мејведер, но тој се плаши!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Двојниот шампион, Конор МекГрегор потврди дека е подготвен да се бори со Флојд Мејведер.

    Сепак, пред тоа има еден услов.

    „Кажете му на Флојд и Шоутајм дека доаѓам. Сакам 100 милиони долари во кесата за борба со него по бокс правилата. Тој се плаши од оваа борба, всушност тој не е подготвен за ова.“

    Борецот од Ирска во професионалната кариера има 21 победа и 3 порази додека Мејведер се пензионираше со скор од 49:0.

    „Го почитувам Флојд, тој е силен бизнисмен. Што можеше тој да направи… Тој е проклето животно што би бил во состојба да направи се, но што се однесува до вистинска борба, тој не сака ништо такво.“

    Да потсетиме, минатиот викенд МекГрегор во спектакуларна борба во УФЦ 205 му ја одзема титулата во категорија до 70 кг на поранешниот шампион Еди Алварез.