„Салах во лето ќе премине во Реал Мадрид!“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Член на управата на ФС на Египет, Хани Або Рида откри интересни податоци за евентуално заминување на Салах од Ливерпул.

Тој е убеден дека 25-годишниот фудбалер од наредното лето ќе стане член на Реал, кој наводно прави се за да го донесе во својот тим.

„Голема е можноста да заигра за Реал Мадрид во наредната сезона. Шпанскиот клуб ќе испрати голема понуда во наредното лето, а тоа има смисла, затоа што Салах игра фантастично. Тоа ќе биде одлична работа за фудбалот во Египет“, изјави Рида.

Одличниот Салах во Ливерпул пристигна минатото лето од Рома за 42 милиони евра.

Оваа сезона одигра 31 натпревар и постигна 24 голови.