Салах го очекува долга пауза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Брзиот фудбалер на Рома, Мохамед Салах дефинитивно ќе го пропушти претстојното дерби против Лацио, а највновите информации од Италија кажуваат дека повреда е посериозна.

Според италијанските медиуми, Салах би требало да биде надвор од теренот неколку недели и би можел да се врати дури во февруари.

Салах оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на Рома и неговото отсуство ќе претставува голем проблем за тимот кој сеуште не се откажал од титулата во Серија А.

Освен што е повреден, Салах можеби ќе игра на афричкиот куп на нации, па на Рома му преостанува да го чека неговото враќање или во јануари да најде привремено решение за неговата позиција.

Да потсетиме дека Салах доби незгоден удар на тренингот на Рома после дуелот со Томас Вермален.