Салах и Фирмињо ќе имаат најголем мотив во Белград


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерашниот меч Црвена Ѕвезда – Ливерпул ќе биде посебна инспирација за фудбалерите на Редсите – Мохамед Салах и Роберто Фирмињо.

Египќанецот и Бразилецот вечерва ќе имаат прилика да се запишат во историјата на Ливерпул, поточно некој од нив би можел да стане втор најдобар стрелец на клубот од Енфилд во Европа.

Салах и Фирмињо моментално имаат по 13 голови во Европа за дресот на Ливерпул, што е за еден гол помалку од легендарниот Јан Раш.

Теоретски можеби и Мане би можел да го стигне второо место, но треба да постигне четири гола. Сенегалецот на своето конто има 11 голови во европските натпревари за Ливерпул.

Најдобар стрелец на Редсите нормлано е Стивен Џерард со 30 постигнати голови.