„Салах не е доволно добар за Реал Мадрид!“


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Реал Мадрид наводно е заинтересиран за Мохамед Салах, а пред големото финале во Лигата на шампиони, своето мислење го даде Висенте Дел Боске.

Поранешниот селектор на Шпанија кажа дека Ливерпул нема доволно квалитет и дека Реал Мадрид ќе победи во финалето.

„Реал Мадрид има одличен тим. Тие се најдобри во Европа и тоа мора да го покажат во сабота. Очекувам да победат со 4-1 против Ливерпул. Не гледам ниту еден играч кој може да го подобри Реал Мадрид. Ниту Салах не е толку добар“, вели Дел Боске.