Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самир Насри се врати во Премиерлигата, откако денеска потпиша договор со Вест хем до крајот на годината, па повторно ќе соработува со Мануел Пелегрини, со кој работеше во Манчестер сити.
„Насри ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели. Тој е добар технички фудбалер, со многу квалитети и добра контрола на топката, па може да создаде добри шанси на натпреварите. Има големо искуство во Премиерлигата и се надеваме дека ќе ни помогне“, вели Пелегрини.
Насри е повратник во Премиерлигата, каде што претходно играше и за Арсенал, а се враќа откако беше суспендиран дена година.
„Враќањето во Премиерлигата и во клуб со големи амбиции со тренер, кој го знае, е најдобрата работа која ја добив и возбуден сум поради неа“, вели Насри.