Само две екипи оваа сезона постигнаа гол во сите натпревари, една од нив е Лајпциг


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Малкумина очекуваа дека по 11 кола на врвот на табелата во Бундес лигата ќе биде РБ Лајпциг, тимот кој оваа сезона им е прва во друштво на најдобрите.

    Но, со поразот на Баерн во Дортмунд со 1:0, клубот чиј сопственик на клубот е Ред Бул, поточно Дитрих Матешиц застана на врвот на германското првенство со 27 бода.

    Во тимот ова лето беа вложени 50 милиони евра, а најмногу беа платени Наби Кеита од Салсбург и Оливер Бурк од Нотингем за кои беа платени по 15 милиони евра.

    На „Transfermarket“ оваа екипа е процената на 81,78 милиони евра, дури 413 милиони евра помалку од Баерн.

    И не само што се пред Баерн во Бундес лигата, туку заедно со Реал се единствената екипа кој оваа сезона во најсилните пет европски лиги постигна гол во сите натрпевари.