Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најбрзиот циркус се сели во Малезија, каде што започнува расплетот во борбата за трофеи.
Мерцедес уште сега има шанса да ја одбрани титулата во конструктори, а можеби токму Сепанг ќе каже кој ќе биде шампион во поединечна конкуренција.
За трофеј се борат Розберг и Хамилтон, а моментално Розберг има 8 бодови предност.
Розберг смета дека само непредвидливи случувања може да го сопрат Мерцедес да ја освои титулата во Малезија.
„Се туркаме еден со друг на патеката, а тоа го правиме и надвор од неа. Тоа е одлична битка и се се смета, на многу полиња.“
Од друга страна тој Хамилтон има турбулентна и променлива сезона. Пред 3 трки имаше 19 бодови предност, а сега 8 бодови негатива.
„Имав тешки и добри серии и тука не се разликувам многу од другите возачи. Станува збор за тоа како ќе се справиме со тоа. Ако нешто се смени што не треба, тоа може да има различни ефекти. Има многу работи во кои тимот може да вложи повеќе труд.“
Трката за ГН на Малезија се вози во недела од 9 часот.