Само еден играч од историското финале во Истанбул се уште игра фудбал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во Истанбул на 25 мај 2005 година според многумина е одиграно најдоброто финале во историјата на Лигата на шампионите.

Ливерпул и Милан ги одмерија силите на Олимпискиот стадион „Ататурк“, а росонерите по првите 45 минути имаа убедлива предност од 3:0. Но во второто полувреме се случи невиден пресврт откако Ливерпул ја надополни негативата и го однесе натпреварот во пенали. По пенал рулетот „црвените“ го освоија петтиот наслов шампион на стариот континент.

Кака пред неколку дена објави крај на кариерата, а тој беше последниот играч од тимот на Милан кој истрча во Истанбул кој се уште активно се бавеше со овој спорт. Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Пирло, Гатузо, Сидорф, Кака, Шевченко и Креспо веќе не играат активно фудбал, а дел од нив се пробаа и како тренери.

Од друга страна од играчите на Ливерпул има само еден кој се уште активно игра фудбал. Дудек, Финан, Карагер, Хипија, Траоре, Алонсо, Гарсија, Џерард, Рисе и Кјуел ја завршија својата кариера, но не и Милан Барош. Чешкиот напаѓач се уште игра во својата држава и го носи дресот на Баник Острава. Со полни 37 години оваа сезона Барош има постигнато седум голови на 15 средби за својот тим.