Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По 12 месеци, можеме слободно да кажеме дека Кутињо не е ниту сенка на играчот кој стигна во Барселона. Моментално е надвор од стартната постава, летните доведувања на Де Јонг и веројатно на Рабио ќе бидат дополнителен притисок, па од оваа дистанца се чини дека Ливерпул е голем добитник на овој трансфер.
Сепак, информациите за продажбата на Кутињо кои овие денови кружат низ шпанските медиуми немаат реални основи, освен како евентуална желба на Барселона.
Јунајтед се споменува како купец, но тие не покажаа заинтересираност во овој момент, единствена реална опција е Барселона да го понуди Кутињо како дел од работата околу Нејмар.
На тоа се надоврзува информацијата дека главните луѓе на Нејмар веќе разговараат со Андре Кариј, првиот човек на Барселона во Бразил.
Тој како што се наведува, на крајот од годината се состанал со Пини Захави, но и со Алваро Коста кој е еден од најдобрите пријатели на фудбалерот, за да направат стратегија за враќање.
Клучот е ПСЖ, тие како што се наведува мораат да се одлучат, дали ќе го продадат Мбапе или Нејмар за да избегнат санкции, но и имаат и средства за засилувања.
Нејмар сака да се врати во Барселона, соблекувалната го чека со отворени раце, би се намалиле приходите за околу 10 милиони по сезона, но од друга страна ПСЖ смета на неговата маркетиншка исплатливост, не е во прашање толку клубот, колку што е Мундијалот во Катар.
Но, од друга страна тешко е да се види дека ќе се откажат од Мбапе, иако Јувентус има подготвен план да плати 220 милиони за најталентираниот на светот, да го уфрли можеби и Дибала во спогодба и да се откаже од неколку играчи за да го доведе „новиот Роналдо, само помлад“, како што тоа го дефинираше Анјели.
Кутињо, ако се врати сигурно Нејмар, би бил жртва на тој трансфер, останува да се види што носи пролетта, но, како што сега стојат работите, со пристигнувањето на Де Јонг и Рабио, и со тоа како игра Дембеле, Бразилецот навистина би бил вишок во Каталонија.