Само парите му се важни: Очајот на Санчез го натера сам да им се нуди на европските гиганти…


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез нема намера да остане во редовите на Манчестер Јунајтед.

Иако во јануари оваа година пристигна од Арсенал како големо засилување, Алексис не се покажа нешто особено, и како што се наведува веќе бара заминување.

Меѓутоа, малкумина се такви тимови кои можат да платат половина милион фунти неделно како што тоа го прави Јунајтед, но чилеанскиот фудбалер по своја воља им се нуди на европските богаташи.

Неодамна се нудеше на француски ПСЖ, но Парижаните не сакаат да му понудат плата каква што има на „Олд Трафорд“.

Затоа Алексис се одлучи да се насочи натаму, па според пишувањата на шпанските медиуми, своите услуги ги понудил и на мадридски Реал.

Сепак, иако Кралевите се во потрага по напаѓач, Санчез не им е опција. Во Мадрид би сакале напаѓач како Мауро Икарди, па Алексис не треба премногу да се надева на понудата на Реал.

Алексис од пристигнувањето на „Олд Трафорд“ одигра само 26 натпревари и постигна четири погодоци.